Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
 

Репортажи

12 август 2016

Чиниш и потта кал се стори

Дарко Дуридански и Јасна Андоновска

Со механизација се чистат пристапните приоди, но тие мали улички којзнае кога ќе дојдат на ред. За да се мине таму мора низ дворовите на комшиите, по уличките нема шанси, ако стапнеш во калта како да ти ги бетонира нозете. Секаква помош им е добредојдена.

20 јули 2016
/мк/file/show/Images/Текстови/0915/Zenep1.JPG

Заборавени на балканската бегалска рута

Мери Јордановска Призма

Бегалските кампови во Табановце и во „Винојуг“ се претворени во мали селца. Откако во март беа затворени границите за сите бегалци, стотици останаа заглавени во Македонија. Некои од жените бегалки се породија во Македонија, а има уште неколку кои се во поодмината бременост.

4 јули 2016

Арачиново и денес ги носи лузните од конфликтот пред 15 години

Игор Босилковски БИРН

Арачиново, кое пред конфликтот во 2001 година беше етнички мешано село, денес е хомогена албанска средина, а мештаните нагласуваат дека мирот не донел просперитет во селото.

26 јуни 2016

Не давај ме мајко кај него, не давај ме!

Кристина Мачкиќ

Драматична вистинита приказна за семејно насилство, за борбата на мајката Сарија за да си ги спаси двете синчиња која која трае со години. Се случува во нашето секојдневие, а борбата на мајката со институциите нè води низ темните ходници и стерилни канцеларии каде што се решаваат судбините на многу македонски семејства.

10 мај 2016

Албанците маршираа за „црвено-црна револуција“

Синиша Јаков Марушиќ, Фатјона Мејдини БИРН
Десетици илјади луѓе обединети околу Опозицискиот совет на Албанците во понеделникот маршираа низ Скопје барајќи еднаков третман за Aлбанците во Македонија, како и враќање на правдата, достоинството и демократијата во земјата.

15 март 2016

[ГАЛЕРИЈА] Марш против планот Уставниот суд да овозможи помилување за изборен криминал

Владо Апостолов Призма

Неколку илјади граѓани од Скопје и од внатрешноста бараа оставки на уставните судии, кои прифатија да ја разгледуваат инцијативата со која му се враќа можноста на првиот човек на државата да помилува лица што сториле изборен криминал

15 март 2016

Бегалците од Идомени не се откажуваат од балканската рута

Мери Јордановска Призма

Ниту еден од бегалците со кои разговаравме не сакаше да каже кој им ги делел летоците со упатството и мапата за преминување преку нелегални премини, но велат дека во четврток се подготвуваат повторно да се обидат да ја преминат Сува река и да влезат во Македонија.

21 февруари 2016

Повеќе од 600 бегалци од Авганистан заглавени на Табановце

Мери Јордановска Призма

Нема официјални информации зошто Србија и Хрватска ги затворија границите само за бегалците од Авганистан, кои останаа заглавени на просторот меѓу Македонија и северниот сосед.

23 јануари 2016

Кој профитира од маглата на „Југохром“

Ивана Костовска и Зоран Ричлиев Призма Јегуновце, Тетово

Работниците во Јегуновце повеќе стравуваат дека од март кога треба повторно да проработи комбинатот ќе останат без работа, отколку дека здравјето им е загрозено од оџаците кои исфрлаат тони прашина и чад. Објаснуваат дека доколку се отпуштат поголем дел од работниците, селото ќе остане без жители.

11 декември 2015

ВИДЕО: Студот им влегува во коски на бегалците

Мери Јордановска Призма

Ситуацијата на границата меѓу Македонија и Грција е смирена, откако пред два дена беше запрен протокот на бегалци кон Македонија. Сепак, студот и силниот ветар ја отежнуваат ситуацијата. Екипите на „Црвен крст“ имаат полни раце работа, бидејќи голем број деца се разболуваат поради ладното време, а неретко снемува и струја во кампот.

28 октомври 2015

Зимата е нов предизвик за бегалската криза во Македонија

Владо Апостолов Призма

Македонскиот претседател Иванов не беше единствениот политичар што беше исмеван поради неговиот настап на мини-самитот на ЕУ посветен на бегалската криза. И додека нашите интернетџии му фаќаа сеир на Иванов, зашто не ги разбира прашањата на англиски, новинар од Хрватска на својот Фејсбук-профил коментираше дека го интересира „како тоа балканските државички во обид пресметале колку бегалци можат да вдомат“.

21 октомври 2015

Средношколски пленум: Ја навредивте сопствената иднина

Владо Апостолов Призма

Средношколците бараат да се укине екстерното тестирање што се спроведува последните три години и сакаат, како што велат, вистински модел на екстерна евалуација, а не екстерно тестирање и оценување.

6 октомври 2015

Сиријката Сара едвај стигна до Македонија

Ивана Костовска Призма

Во кампот во Гевгелија деновиве може да се забележи дека бранот бегалци е стивнат. Голем дел од бегалците со кои разговаравме во кампот се образовани луѓе меѓу кои има пилоти, инженери и студенти. Меѓу нив е и Сиријката Сара, која со инвалидска количка го оди „патот на надежта“.

12 септември 2015

Граѓаните во акција за помош на бегалците

Мери Јордановска Призма

Во моментот кога ќе се истовари автобусот, бегалците, најчесто облечени со кратки панталони и влечки, веднаш се впуштаат по тезгите поставени од невладините организации, полни со облека.

22 август 2015

ФОТОГАЛЕРИЈА: Два воза заминаа, илјадници бегалци остануваат

Мери Јордановска Призма

На меѓуграничната зона, меѓу Македонија и Грција, сè уште остануваат неколку илјади мигранти. Полицијата не дозволува новинарските екипи да разговараат со мигрантите кои се одвоени со бодликава жица. Тие оттаму успеаваат само да довикнуваат на англиски.

Бидете во контакт

 

Реклама