Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
 

НВО вести, настани и повици

/мк/file/show/Images/poplava1.jpg

Пунктовите за помош не се затворени

Независна иницијатива за помош на граѓаните

Од независната иницијатива за помош на граѓаните од поплавените подрачја ја демантираат веста дека пунктовите за помош се затворени.

/мк/file/show/Images/Temp/13606434_294712440875086_3425379701815515274_n.png

Граѓански организации подготвија Предлог за итни демократски реформи

Група граѓански организации и експерти подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/sarena-revolucija-nvo-logo.png

Граѓанското општество бара директно учество во преговорите за излез од кризата

88 граѓански органзиации

88 организации, иницијативи, групи, движења и синдикати испратија обраќање до меѓународната заедница и до најголемите партии за директно учество на граѓанскиот сектор во преговорите за излез од кризата

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/Logo NGO semm.png

СЕМM: Објавувањето на видео-снимката од кумановскиот инцидент е во спротивност со Кодексот на новинарите

Совет за етика на медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на објавувањето видео-снимка од неодамнешниот инцидент во Куманово кога лице со автомобил прегази цело семејство, меѓу кои и малолетно лице кое им подлегна на повредите.

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/znm logo.png

ЗНМ го напушти брифингот на Томовска

Здружение на новинарите на Македонија

Владините реклами ќе имаат силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој владата досега беше најголем огласувач. Ваквата позиција на владата и дава можност да ја контролира уредувачката политика на медиумите и со тоа ќе ја задуши критиката

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/BIRN LOGO 150.png

Летна школа на БИРН за истражувачко новинарство

БИРН

Усовршете ги вашите вештини за истражувачко новинарство под водство на стручни меѓународни обучувачи во прекрасните предели на Босна.

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/logo helsinski-2.png

Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура

Хелсиншки комитет за човекови права на Македонија

Хелсиншкиот комитет се приклучува кон одбележувањето на овој меѓународен ден и упатува апел до властите конечно да го препознаат постоењето на тортурата и да развијат политики за заштита од овој варварски чин

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/metamorfozis150.png

Одбележан денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Tech4Good“

Метаморфозис
„Метаморфозис по трет пат го организира Денот на Мајкрософт за соработка со НВО-секторот како дел од нашите континуирани напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии
/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/Logo NGO koalicija.png

Викенд на гордоста Скопје 2016

Викенд на гордоста Скопје

Целта на серијата настани во рамки на „Викенд на гордоста Скопје 2016“ е да се креира и промовира поинаков светоглед, и да понуди радикална и многустрана критика на бинарниот родов систем, хетеронормативноста и националистичката хомофобија

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/Logo NGO profesorski plenum.png

Професорски пленум: Да запре изборот на ректор сè додека не се одржат законски студентски избори

Професорски пленум

Соопштение на Професорскиот пленум по повод распишувањето избори за претседател на СПУКМ спротивно на законската процедура

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/logo helsinski-2.png

Хомофобијата е исход од општественото, политичкото и културното насилство

Хелсиншки комитет

Коалиција Сексуални и здравствени права на маргиналзиираните заедници, Хелсиншкиот комитет и ЛГБТИ Центарот за поддршка изразуваат згрозеност и неизречиво жалење по повод нападот врз геј клубот ПУЛС во Орландо, Флорида, во кој животот го изгубија 50, а сериозно ранети беа уште 53 ЛГБТИ луѓе во Америка. Сопштението го објавуваме интегрално:

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/znm logo.png

Меѓународната федерација на новинари бара ослободување на новинарот Божиновски

ЗНМ

Меѓународната федерација на новинарите, на нејзиниот 29-ти Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 Јуни во францускиот град Ангерс, усвои ургентна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски. Соопштението на ЗНМ по повод резолуцијата на МФН го објавуваме интегрално:

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/Logo NGO iri.png

Анкета на ИРИ: Политичката нестабилност ескалира, довербата во демократските институции опаѓа

ИРИ

Бројот на испитаници кои сметаат дека земјата е „мирна и стабилна“ има остар пад од 19 проценти во јануари 2016, на само пет проценти, покажуваат резултатите на анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ)

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/logo MCET tr.png

Повик за доделување ИПА 2 грантови за граѓанските организации

МЦЕТ

ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации, во рамки на проектот финансиран од Европската унија: „ИПА 2 Механизам за граѓанските организации - IPA2CSO“, објавува:

/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/metamorfozis150.png

Видео-натпревар: „Слободата на изразување во мини-видео“

Францускиот институт и Метаморфозис

Снимете мини-видео со вашиот мобилен телефон и бидете дел од Францускиот филмски фестивал. Бидете креативни, изразете се слободно низ видео и освојте престој во Франција

Бидете во контакт

НВО

Вмрежи се! Регистрирај ја твојата организација во базата на Призма, за да бидеш дел од семејството граѓански организации и олесни ја комуникацијата со новинарите и јавноста.

Регистрирај се