Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
 
/en/file/show//Images/Банери/baner_moj_termin_so_slika.jpg
15 август 2016

Што поплави поплавата?

Тунел

Со ова темпо на закажување на итни и кризни седници, очекувам дека уште во овој состав Собранието на Македонија ќе расправа и за расчистување на последиците од поплавата во Скопје од 1962 година

12 август 2016

До гледање до следната поплава

Мој термин

Кога поплавата ќе открие кои и какви полуписмени кадри раководат со институции поврзани со превентива и заштита од непогоди, луѓето сфаќаат дека изгубиле нешто многу поголемо и од куќите и од нивите. Дека е изгубена државата.

8 август 2016

Кога ѓубрето управува

Тунел

Разликата од ординарна терористичка организација и водење политика на македонски начин е во тоа што овде никој не ја презема одговорноста.

5 август 2016

(Не)лиценцирани терористи

Мој термин

Откако земјата е доведена во катастрофални општествени прилики и економски состојби, терористите со кои нѐ плаши Иванов, сметам дека овде не би имале никаков реален предизвик. Освен чувство на силна домашна конкуренција, која веќе ја завршила работата.

1 август 2016

Македонија од Ајова до Пакистан

Тунел

Илинден за македонската историја ќе стане она што е „Роки“ за холивудската историја: Илинден 1, 2, 3, 4... и Роки 1, 2, 3, 4... Како и да земеш, Свети Илија е еден вид религиски суперхерој, своевиден супермен што ем дели правда и морал, ем брилијантно ракува со громови и молњи, па зошто тогаш и ние да немаме некоја франшиза од овој тип – ем е акциска, ем патриотска.

29 јули 2016

Балансот како договорен инцидент

Мој термин

Со решение несоодветно за состојбите, опозицијата и дава клучно алиби на власта претпладне да тврди дека ги поддржува медиумските реформи, а попладне во prime time непречено да царува на фреквенциите на старите медиумски барикади.

27 јули 2016

Агонијата на Македонија е далеку од завршена

БИРН

Продолжувањето на практиката преговорите да бидат ограничени на главните политички партии, на сметка на исклучување на останатите актери во општеството, само уште повеќе го зацврстува дискредитираното политичко раководство во време кога толку очајно се потребни нови лица неизвалкани со багаж од минатото.

25 јули 2016

Кон излезот

Тунел

Народот во Дојран одлучи да не се прикажува филмот „Во царството на сетилата“, затоа што е небезбеден за гледање. Како што одлучи дека водата во Дојранското Езеро е безбедна за бањање. И за пиење.

22 јули 2016

Договорот како бркање на Покемон

Мој термин

Политичкиот динамизам и неговата ефикасност многу брзо ќе покажат дали договорот за инстант- политичка „стабилизација“ e реалност или нова фарса, поголема и од бркање на владејачкиот Покемон низ виртуелните пржински лавиринти.


18 јули 2016

Пусто турско

Тунел

Сите деца - чуч, само ВМРО-ДПМНЕ - пуч. Поточно: сите деца - пуч, само ВМРО-ДПМНЕ – муч.

Блогирај!

Пополни ја пријавата за блог и стани дел од блогерската заедница на Призма. Ова e вистинската прилика за твоето мислење да допре до пошироката јавност. Призма е медиум кој е во служба на промоција на ставовите на граѓаните, а оваа страница е место каде што тие ставови ќе бидат објавени.

Те повикуваме да блогираш затоа што:

  • твоето мислење е важно
  • твојот став вреди да се чуе
  • ти можеш да придонесеш кон позитивни промени

Испрати ни го твоето име и презиме, контакт податоци и твојата идеја преку формуларот подолу и ќе те известиме за следните чекори.