Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
 

Истражувања

16 август 2016

Дамки врз тендерот за чистење на Владата

Владо Апостолов
Призма

Ланскиот тендер за чистење на просториите на Владата и на министерствата, вреден повеќе од 10 милиони евра, бил осмислен и спроведен на начин со кој се елиминира конкуренцијата, упатува истражувањето на БИРН. На крајот тоа и се случило, на јавната аукција се појавила само една компанија, која ја намалила почетната цена за само 16 денари.

30 јули 2016

Крвав бизнис: Патот на оружјето вреден 1,2 милијарди евра

Лоренс Марзоук (Lorens Marzouk), Иван Ангеловски и Миранда Патручиќ
БИРН

Невиден наплив на оружје од централна и источна Европа ги преполни боиштата на Блискиот Исток

19 јули 2016

Во Скопје ќе се потроши една третина од сите пари на локално ниво

Центар за граѓански комуникации

80-те општини и Градот Скопје годинава вкупно ќе потрошат околу 735 милиони евра. Од нив, третина, односно 248 милиони евра одат за плати и надоместоци на вработените и речиси исто толку, односно 254 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата.

7 јули 2016

Многу кривични пријави за избори, малку во затвор

Миомир Серафиновиќ
Повик за истражувачки стории

Од преку 800 кривични пријави за криминални дела поврзани со изборите, со 165 обвиненија и со 131 пресуда, во затвор казната ја издржале само четириесетина лица, покажуваат статистиките од 2008 до 2015 година. Ваквиот тренд главно се должи на партизацијата на институциите, како и на амнестиите на претседателот Ѓорге Иванов

23 јуни 2016

Државните претпријатија купуваат струја главно од две фирми

Центар за граѓански комуникации
Призма

Во првите две години од либерализацијата на пазарот државните претпријатија купиле струја за 18,2 милиони евра од вкупно 4 приватни снабдувачи, при што 89% купиле струја од истите две компании – Мист Енерџи и Фјучр Енерџи.

22 јуни 2016

Државата за „џабе“ продала спорна парцела на Хотел „Солун“

Владо Апостолов
Призма

Иако судот пресекол да му се врати на семејството Васовски атрактивна парцела во скопски Центар, две недели по оваа одлука државата продала дел од парцелата на хотелот „Солун“ и тоа во непосредна спогодба за 70 денари по квадрат.

14 јуни 2016

База на податоци: Концесии на минерални суровини

Центар за граѓански комуникации

Најголем број концесии имаат компаниите ГП Гранит и Цементарница Усје, а најголеми површини користат АД ЕЛЕМ и Еуромакс Ресоурцес. Над 280 фирми за добиените концесии вкупно плаќаат 1 милион евра годишен надомест.

9 јуни 2016

„Мелимејт“: Голема сопственичка мистерија, уште поголем имот

Владо Апостолов
Призма
Анонимната офшoр-фирма поседува станови вредни повеќе од 500.000 евра, а нејзиниот сопственик Љупчо Бакев има бизнис релации со семејството на поранешниот функционер и член на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Здравев.

8 јуни 2016

Вистината за здравството во затворите е удавена во кофа

Валентина Стојанчевска
Повик за истражувачки стории

Повеќе стотици затвореници се оставени без лекарска грижа и лекови, а оние кои имаат пристап до лекар се жалат на услугата што ја добиваат. Постојат обвинувања за смртни случаи поради ненавремен лекарски третман. Управата за извршување санкции не знае или не сака да ги преброи мртвите, а калкулира и за потребниот медицински персонал.

7 јуни 2016
/мк/file/show/Images/photo/0915/kod-zatvori.jpg

КОД: Состојба на затвори за малолетници

КОД

Силувања, хепатит, злоставување; Нема бањање повеќе од еднаш во неделата; Нема одење во тоалет ноќе - Ова се само дел од морбидните настани во затворот за малолетници, соопшти Народниот Правобранител. Надлежните признаваат дека има лоши услови и тврдат дека градат најсовремен затвор за малолетници.Скандали, насилство и физички малтретирања се редовни поплаки од домовите на малолетниците кои наместо да се социјализираат, револтот го покажуваат со агресија кон општеството. Погледнете го истражувањето на КОД:

2 јуни 2016

„Мелимејт“: Скопска фирма по теркот на „Ексико“

Владо Апостолов
Призма

Анонимната скопска компанија „Мелимејт“ потекнува од познатите даночни оази каде што се зачнати и најпознатите офшор-фирми во Македонија, како „Ексико“ и „Финзи“. Како и другите, и оваа фирма се поврзува со луѓе од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

25 мај 2016

База на податоци: Итни договори за јавни набавки

Центар за граѓански комуникации

Државните институции, во три години, со образложние дека набавката е итна, во постапка со преговарање, без претходно објавување на оглас, склучиле над илјада договори со вкупна вредност од 2,4 милијарди денари односно околу 39 милиони евра, покажува базата на податоци на Центарот за граѓански комуникации

21 мај 2016
/мк/file/show/Images/photo/0915/6861660272_30131a56d6_b-(1).jpg

„Државното“ ин витро не е ниту бесплатно, ниту брзо

Владе Ѓорчев
Повик за истражувачки стории

Официјалните податоци говорат дека над 1.200 двојки добиле одобрение за покривање на сметките за ин витро постапка за добивање дете во 2015 година, со успешност од над 50 отсто. Сепак, има проблеми кои ин витро постапката на „државна сметка“ ја прават тешка и нималку евтина за апликантите.

20 мај 2016

КОД: Случај Коста Крпач

КОД

КОД прави реконструкција за да одговори на прашањето како почина Коста Крпач? Кои се деталите од истрагата на човекот чие име го обелодени претседателот Иванов на листата помилувани, иако не е осомничен ниту обвинет. Како ликовниот уметник станал директор на фирма каде се префрлаа пари за набавка на опрема за прислушкување од Израел вредна околу 14 милиони евра. Убиство или самоубиство? Кој му се заканувал на Коста Крпач и чија рака пукала во неговите гради?

19 мај 2016

Вицепремиерот Пешевски е директор на кипарски оф-шор

Екипа на БИРН
Призма

Истражувањето на БИРН открива дека директорот на кипарската компанија „Фертисимо“ е навистина вицепремиерот Владимир Пешевски. Компанијата е сѐ уште активна и тој, иако во меѓувреме стана и вицепремиер, е сѐ уште директор.

Бидете во контакт