Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
 

Интервјуа

5 јули 2016

Осум години Тајм.мк: Не седиме пред компјутер да редиме вести

Мери Јордановска Призма

Најпосетуваниот агрегатор на вести Тајм.мк, деновиве го прослави осмиот роденден. Со „таткото“ на Тајм, професорот по информатички науки, Игор Трајковски, разговаравме за сите предизвици низ кои поминал за да создаде производ преку кој македонските граѓани ќе бидат запознаени со сите вести, давајќи им можност да бираат од кого ќе се информираат, да направат споредба и да оформат свои мислења за актуелните настани.

16 јуни 2016

Георгиевски: Ако не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ може да експлодира!

Катерина Блажевска Призма

Колку и однадвор да изгледа монолитна, на ВМРО-ДПМНЕ може да ѝ се случи таква експлозија, по што од неа нема да остане ништо. Тешко ќе се извлече од таквата ситуација, ако не промени нешто“, вели поранешниот лидер на партијата, Љубчо Георгиевски, во пресрет на нејзиниот 26-ти роденден.

3 јуни 2016

Ахмети: Заборавете на федерализација на Македонија

Јета Џара БИРН

Лидерот на ДУИ вели дека повиците за федерализација на Македонија се непрактични и ги отфрла тврдењата дека неговата ДУИ е марионета на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

23 март 2016

Радован Караџиќ: Очекувам да бидам ослободен

Денис Џидиќ БИРН Сараево

Во интервју дадено пред изрекувањето на пресудата, воениот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, вели дека „ниту еден разумен суд“ нема да го осуди за геноцид и воени злосторства, без оглед на доказите против него.

29 февруари 2016

Еврократот-твитерџија во демократска мисија

Владо Апостолов Призма

Питер Ванхауте не е дипломат дојден по работа, човекот е на демократска мисија. Од скоро е политичка ѕвезда на социјалните мрежи, иако во Македонија е присутен уште од 2001 година. ВМРО-ДПМНЕ веќе не соработува со него, меѓутоа тој не крева раце и нема намера да стане турист.

25 февруари 2016

Реџепи: Kоманданти од Куманово ми ги нудеа нивните „услуги“

Синиша Јаков Марушиќ Призма

Првиот човек на ИВЗ е убеден дека настаните од Куманово, како и „пучот“ во ИВЗ, се оркестирани со цел да се одвлече вниманието од растечкото незадоволство кај граѓаните од владата на Никола Груевски.

13 јануари 2016

Заев: Во моментов нема услови за фер избори

Владо Апостолов Призма

Доаѓањето на комесарот Хан поврзано со точката од Пржино, нов премиер на 15-ти, е задоцнетo. Тоа требаше да се случи вчера, ако се сакаше изборите да бидат на 24 април, вели за БИРН, Зоран Заев. Тој очекува и ВМРО-ДПМНЕ да го предаде својот дел од прислушуваните материјали за кои тврди дека власта ги поседува. Уверува дека СДСМ не влетала во стапица со „Фабриката за афери“.

6 јануари 2016
/мк/file/show/Images/Текстови/0915/marija3.jpg

Балонот од лаги има рок на траење

Владо Апостолов Призма

Во турбулентната 2015, исполнета со протести, под рефлекторите се појавија лица кои никогаш не сонувале дека ќе собираат гласови, поединци на кои на крај памет не им текнало дека нивните говори ќе ги слушаат илјадници луѓе пред новата барокна зграда на Владата. Еден од овие нови ликови е скопјанката Марија Џонс, преведувач по занимање, мајка дома, која се вклучи во иницијативата за формирање на новата партија Левица.

5 ноември 2015

Ховит: Предоцна е за позитивна препорака за Македонија

Синиша Јаков Марушиќ БИРН

„Длабоко жалам за фактот што сум дојден тука буквално неколку часови, а не денови, пред да се финализира извештајот за напредокот на Македонија. Мислам дека е предоцна за да се добие позитивна препорака, но се надевам дека ќе има условена препорака“, вели европратеникот Ричард Ховит во интервју за БИРН, додека се одвива последната тура преговори меѓу политичките партии за Договорот од Пржино.

27 октомври 2015

Во образованието имаме расформи наместо реформи

Владо Апостолов Призма

Душко Стојановски не e единствениот професор што ги поддржува средношколците во барањето да се укине екстeрното тестирање. Меѓутоа, наставникот по Македонски јазик и литература дефинитивно е најборбениот. Единствено тој ги придружуваше членовите на Средношколскиот пленум минатата недела пред Министерството за образование и оттаму прилично остро им викна на властите.

22 октомври 2015

Острени: ДУИ е вазал на ВМРО-ДПМНЕ

Емир Хасановиќ Призма

Гзим Острени вели дека Демократската унија за интегранција ги заменила демократските принципи со корумпирани практики, поради што тој решил да застане на чело на нов политички субјект „Унитети“.

17 октомври 2015

Катица Јанева: Точно е, се пријавуваат лица за заштитени сведоци!

Катерина Блажевска

„Евентуалната одлука на Апелацискиот суд дека снимките не можат да бидат користени како доказен материјал, нема да влијае на мојата работа. Јас можам да постапувам по допрен глас и секој збор во тие 'бомби' ќе биде предмет на анализа“, вели специјалната обвинителка Катица Јанева.

17 јуни 2015

Мисини: Груевски ја има моќта да стави крај на бегалскиот хорор во Македонија

Владо Апостолов Призма

Аналитичарот и НВО-активист Суад Мисини веќе четврти ден штрајкува со глад спроти Собранието, а планира да го радикализира протестот и да не пие вода. Бара похуман третман на мигрантите во Македонија и нивна заштита. Вели дека ќе оди до крај, а властите ако не реагираат, само ќе докажат дека живееме во канибалистичко општество.

10 јуни 2015

Мехмети: Го видовме зенитот на Груевски, потребен ни е нов премиер

Владо Апостолов Призма

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети откако се врати од студискиот престој во САД со сиот арсенал „пука“ по коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека нејзината партија е подредена во коалицијата и дека понатамошната соработка е невозможна.


10 април 2015

Не даваме ГТЦ да се претвори во обичен затворен „мол“

Мери Јордановска Призма

Полна со оптимизам, архитектката од иницијативата „Го сакам ГТЦ“, Даница Павловска, во интервју за БИРН говори за претстојниот референдум на 26 април, на кој жителите од Центар ќе одговараат на прашањето „Дали сте за зачувување на автентичниот изглед за ГТЦ?“.

Бидете во контакт

 

Реклама