Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
 

Вести

9 август 2016 /мк/file/show/Images/Текстови/0915/2-7.jpg Институциите се удавија во поплавите Мери Јордановска Призма

Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи излегуваат со непотполни и конфузни информации за бројот на исчезнати лица, како и за тоа на кои локации се најдени жртвите и причините за нивната смрт. Сето ова фрла сомнеж врз начинот со кој надлежните се справуваат со последиците од саботните поплави.

8 август 2016 Јевросимовиќ излегува од медиумскиот бизнис во Македонија Мери Јордановска Призма

Две српски фирми на бизнисменот Веселин Јевросимовиќ кои учествуваат во сопствеништвото на телевизијата „Алфа“ и на порталот „Телеграф“, излегуваат од бизнисот.


26 јули 2016 Провладините медиуми формираа свој синдикат на новинари Мери Јордановска Призма

Претставници од Курир, Сител, Република и ТВ Нова ќе го водат новиот синдикат на новинари. Станува збор за паралелен синдикат, со оглед на тоа што веќе шест години постои Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, нешто што само ја докажува поделеноста во новинарската фела.

13 јули 2016 /мк/file/show/Images/Текстови/0915/SCREEN SHOT.jpg Белизе излезе од неделникот „Република“ Мери Јордановска Призма

„Иресине лимитед“, фирма од Белизе, излезе од сопствеништвото на неделникот и порталот „Република“ и сега газда на медиумот е досегашниот директор Доне Доневски. Тој не одговори на нашите прашања поврзани со деталите од купопродажбата.

21 јуни 2016 (ФОТОГАЛЕРИЈА) Шарено и масовно Роберт Атанасовски

Фотографиите на Роберт Атанасовски ја доловуваат атмосферата од вчерашниот најмасовен протест на Шарената револуција.

7 јуни 2016 Шарената револуција го победи стравот Мери Јордановска Призма

Шарената револуција покажа дека власта треба да се плаши од критичката мисла на народот, а не обратно. А тоа е нешто што Македонија ја носи многу чекори напред во развојот на демократијата.

1 јуни 2016 „Скопје 2014“ продолжува со „Рајска градина“ БИРН Призма

Реплика на Милоска Венера, антички ликови, лавови и грифони ќе ја красат „Рајската градина“ во општина Аеродром. Зад идејното решение е фирмата „Архитектоника“ која заедно со главниот проектант, Жарко Чаушевски, стои зад повеќе „барокни“ зданија во Скопје.

30 мај 2016 /мк/file/show/Images/Текстови/0915/8.jpg ФОТОГАЛЕРИЈА: Осма недела #Протестирам Роберт Атанасовски

Преку фотографиите на Роберт Атанасовски ги пренесуваме највпечатливите моменти од последната недела од протестите.

27 мај 2016 Селективна аболиција Мери Јордановска Призма

Според одлуката на Иванов, може да се претпостави дека остануваат помилувањата за директорот на Телеком Луковски, сопственикот на НВСП Стајковиќ, соработничката на Мијалков, Светлана Костова, полициските службеници за кои се води истрага за убиството на Мартин Нешкоски како и за директорот на Ексико, Тодор Мирчевски.

27 мај 2016 БИРН Македонија добитник на првите две награди на ЕУ за истражувачко новинарство

Првата награда беше доделена на Борис Георгиевски за текстовите во рамките на серијалот на БИРН „Досие Телеком“, а втората за истражувањето и базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“. Новинарката на ТВ Телма, Билјана Николовска е најдобар млад истражувачки новинар

24 мај 2016 Лични податоци во служба на пропаганда Мери Јордановска Призма

Единствената институција каде што на едно место доаѓаат годишните извештаи на фирмите и невладините организации е Управата за јавни приходи, па нужно се поставува прашањето дали од оваа државна институција протекуваат заштитени финансиски податоци за граѓаните.

10 мај 2016 Комисијата пресече: Приватноста пред јавниот интерес Мери Јордановска Призма

Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации ги одби барањата на БИРН за увид во анкетните листови на поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков.

6 мај 2016 (ГАЛЕРИЈА) „Крвта не се мие“ Роберт Атанасовски

Граѓанското движење „Протестирам“ вечерва го посети местото на убиството на младото момче Мартин Нешкоски, на плоштадот Македонија. Плоштадот беше преплавен со пароли испишани со црвена боја, „Убиство не се крие, крв од раце не се мие“, „Правда за Мартин, слобода за сите“ и „Убијци“.

3 мај 2016 Протестите влегуваат во четвртата недела Призма

По велигденските и по првомајските празници граѓанската иницијатива #Протестирам најавува нови собири во Скопје, традиционално во 18 часот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и во уште неколку градови низ Македонија.

27 април 2016 /мк/file/show/Images/Текстови/0915/26638480346_f44e3ca31f_k.jpg (ГАЛЕРИЈА) Боите на шарената револуција Ванчо Џамбаски

Преку објективот на Ванчо Џамбаски ги претставуваме најмоќните фотографии од последниве десетина дена од протестите на т.н. Шарена револуција.


Бидете во контакт

 

Реклама