Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија
Откако пред неколку дена легнаа 450 милиони евра на трезорската сметка на буџетот, јавноста, растргната во за и против дебатата за еврообврзницата веќе е пред свршен чин. Власта ги задолжи граѓаните за вкупнo 630 милиони евра со камати што ќе треба да им се вратат на кредиторите за седум години
Фарсичен крај на, во голема мера, контроверзниот процес на именување и санкционирање на поранешните соработници на тајната полиција во Македонија, откако Управниот суд почна едно по едно да ги поништува решенија на Комисијата за лустрација.
Иронична случајност – „Скопје 2014“, термин со кој го именуваме потфатот за менување на изгледот и идентитетот на градот, една година по објавувањето на базата на податоци на БИРН порасна точно толку колку што првично беше најавено дека ќе чини целиот проект – 80 милиони евра.
Во Македонија нема заколнати ердоганисти и ѓуленисти, ама настаните што следеа по неуспешниот обид за пуч, открија дека и во државава има идеолошки разидувања на линија на судирот меѓу турскиот претседател и верскиот лидер со живеалиште во САД.
Судот на Босна и Херцеговина и Хашкиот трибунал, за геноцид и злосторства извршени пред 21 години врз Бошњаците од Сребреница, осудиja 38 лица, на вкупно 637 години затвор, а изрекоа и три казни доживотен затвор
Извори за БИРН тврдат дека кога претседателот ги носел одлуките за аболиција, првично се раководел од поднесените кривични пријави на опозицијата, а за да го стори тоа, морал да има пристап до предметите во Јавното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски, како и соработка со Кривичниот суд.
Договорот од Пржино не нуди конкретна и ефективна заштита на административците од изборни притисоци, a законското оценување на службениците се доживува како дополнителна закана. Единствено работата на СЈО, може ефективно и превентивно да влијае врз шефовите да се воздржат од притисоци.
Македонската владеjачка партија се чини дека е упорна во намерата да обезбеди американска поддршка во својот конфликт со опозицијата, инвестирајќи во активности за лобирање. Дали неодамнешното благонаклоно известување во Вашингтон е доказ дека таа стратегија се исплаќа?
Јавниот долг е на чекор да направи престап на црвената линија од 50% од бруто домашниот производ (БДП) што ја исцрта Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај. Бројчаникот на МАНУ го снема, но Фискалната стратегија на властите открива дека за две години ќе се задолжат за уште 2 милијарди евра, а јавниот долг ќе достигне до 52,4% од БДП.
Непосредно пред затворањето на веб-страницата на ДИК за пријавување нерегуларности, БИРН направи споредба меѓу податоците од Избирачкиот список и од Државниот завод за статистика, преку која се доаѓа до апсурдни податоци. Според нив, произлегува дека во Македонија нема деца под 6 годишна возраст, а во Охрид, Пласница, Ново село и други општини, има повеќе гласачи од жители.
Oд луѓе вклучени во истрагата БИРН дознава дека специјалните обвинители се интересирале за акцијата со која структури на ВМРО-ДПМНЕ наводно ја оспориле победата на Зоран Заев во првиот круг на локалните избори во Струмица, иако тоа не им успеало целосно.
Годинава, според буџетот, ќе се потрошат 1,68 милиони евра за привремени вработувања. Само од јануари се распишани над 25 тендери. Брисел забележува за „наменски, политички и арбитрарни вработувања“.
Дел од медиумите зачестено пренесуваат текстови на американски аналитичари, кои пишуваат дека македонската криза треба брзо да заврши и тоа со триумф на Груевски, аргументирајќи дека е потребна стабилна влада која ќе се справи со новиот бран на бегалци.
Од друга страна, пак, еврокомесарот Јоханес Хан беше првиот што ги воведе во контекст бегалската и политичката криза во Македонија.
Во периодот од 2010-2013 година, само во земјите на ЕУ од Македонија се „испразнил“ еден град поголем од Тетово: вкупно 58.713 граѓани добиле прва дозвола за престој или државјанство. Бројот на иселени лица е повисок од официјалната статистика што МВР ја испраќа до ДИК.
Нема веќе дилеми, Никола Груевски од синоќа е само партиски лидер. Уверен е дека со фанфари ќе се врати во барокниот дворец и кристално јасно е дека сите карти ги фрлил на избори на кои ќе ја престигне Катица Јанева. Договорот од Пржино ќе одбележи декада од неговото владеење, точка од која многу појасно се гледаат неговите политики.