Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
 

Актуелно

12 август 2016
РЕПОРТАЖА

Чиниш и потта кал се стори

Со механизација се чистат пристапните приоди, но тие мали улички којзнае кога ќе дојдат на ред. За да се мине таму мора низ дворовите на комшиите, по уличките нема шанси, ако стапнеш во калта како да ти ги бетонира нозете. Секаква помош им е добредојдена.

9 август 2016
/мк/file/show/Images/Текстови/0915/2-7.jpg
АКТУЕЛНО

Институциите се удавија во поплавите

Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи излегуваат со непотполни и конфузни информации за бројот на исчезнати лица, како и за тоа на кои локации се најдени жртвите и причините за нивната смрт. Сето ова фрла сомнеж врз начинот со кој надлежните се справуваат со последиците од саботните поплави.

8 август 2016
АКТУЕЛНО

Јевросимовиќ излегува од медиумскиот бизнис во Македонија

Две српски фирми на бизнисменот Веселин Јевросимовиќ кои учествуваат во сопствеништвото на телевизијата „Алфа“ и на порталот „Телеграф“, излегуваат од бизнисот.


3 август 2016
АНАЛИЗА

Сѐ што сте сакале да знаете за еврообврзницата, а не сте имале храброст да прашате

Откако пред неколку дена легнаа 450 милиони евра на трезорската сметка на буџетот, јавноста, растргната во за и против дебатата за еврообврзницата веќе е пред свршен чин. Власта ги задолжи граѓаните за вкупнo 630 милиони евра со камати што ќе треба да им се вратат на кредиторите за седум години

28 јули 2016
АНАЛИЗА

Спорната лустрација се соочува со фијаско

Фарсичен крај на, во голема мера, контроверзниот процес на именување и санкционирање на поранешните соработници на тајната полиција во Македонија, откако Управниот суд почна едно по едно да ги поништува решенија на Комисијата за лустрација.

26 јули 2016
АКТУЕЛНО

Провладините медиуми формираа свој синдикат на новинари

Претставници од Курир, Сител, Република и ТВ Нова ќе го водат новиот синдикат на новинари. Станува збор за паралелен синдикат, со оглед на тоа што веќе шест години постои Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, нешто што само ја докажува поделеноста во новинарската фела.

26 јули 2016
СКОПЈЕ 2014 ПОД ЛУПА

Нови 80 милиони евра за менување на Скопје

Иронична случајност – „Скопје 2014“, термин со кој го именуваме потфатот за менување на изгледот и идентитетот на градот, една година по објавувањето на базата на податоци на БИРН порасна точно толку колку што првично беше најавено дека ќе чини целиот проект – 80 милиони евра.

21 јули 2016
АКТУЕЛНО

Пучот го откри тивкиот идеолошки судир меѓу македонските Турци

Во Македонија нема заколнати ердоганисти и ѓуленисти, ама настаните што следеа по неуспешниот обид за пуч, открија дека и во државава има идеолошки разидувања на линија на судирот меѓу турскиот претседател и верскиот лидер со живеалиште во САД.

20 јули 2016
/мк/file/show/Images/Текстови/0915/Zenep1.JPG
РЕПОРТАЖА

Заборавени на балканската бегалска рута

Бегалските кампови во Табановце и во „Винојуг“ се претворени во мали селца. Откако во март беа затворени границите за сите бегалци, стотици останаа заглавени во Македонија. Некои од жените бегалки се породија во Македонија, а има уште неколку кои се во поодмината бременост.

13 јули 2016
/мк/file/show/Images/Текстови/0915/SCREEN SHOT.jpg
АКТУЕЛНО

Белизе излезе од неделникот „Република“

„Иресине лимитед“, фирма од Белизе, излезе од сопствеништвото на неделникот и порталот „Република“ и сега газда на медиумот е досегашниот директор Доне Доневски. Тој не одговори на нашите прашања поврзани со деталите од купопродажбата.

11 јули 2016
АНАЛИЗА

Сребреница: 637 години затвор и три казни доживотен затвор

Судот на Босна и Херцеговина и Хашкиот трибунал, за геноцид и злосторства извршени пред 21 години врз Бошњаците од Сребреница, осудиja 38 лица, на вкупно 637 години затвор, а изрекоа и три казни доживотен затвор

5 јули 2016
ИНТЕРВЈУ: Игор Трајковски

Осум години Тајм.мк: Не седиме пред компјутер да редиме вести

Најпосетуваниот агрегатор на вести Тајм.мк, деновиве го прослави осмиот роденден. Со „таткото“ на Тајм, професорот по информатички науки, Игор Трајковски, разговаравме за сите предизвици низ кои поминал за да создаде производ преку кој македонските граѓани ќе бидат запознаени со сите вести, давајќи им можност да бираат од кого ќе се информираат, да направат споредба и да оформат свои мислења за актуелните настани.

4 јули 2016
РЕПОРТАЖА

Арачиново и денес ги носи лузните од конфликтот пред 15 години

Арачиново, кое пред конфликтот во 2001 година беше етнички мешано село, денес е хомогена албанска средина, а мештаните нагласуваат дека мирот не донел просперитет во селото.

26 јуни 2016

Не давај ме мајко кај него, не давај ме!

Драматична вистинита приказна за семејно насилство, за борбата на мајката Сарија за да си ги спаси двете синчиња која која трае со години. Се случува во нашето секојдневие, а борбата на мајката со институциите нè води низ темните ходници и стерилни канцеларии каде што се решаваат судбините на многу македонски семејства.

21 јуни 2016
ФОТОГАЛЕРИЈА

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Шарено и масовно

Фотографиите на Роберт Атанасовски ја доловуваат атмосферата од вчерашниот најмасовен протест на Шарената револуција.

Бидете во контакт

 

Реклама