Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
08. мај. 15.

Фуере за БИРН: ЕУ не смее да остане тивок посматрач на македонската агонија

БИРН Балкан Инсајт

Време е Брисел да му каже на Груевски дека колку подолго ќе остане на власт, толку полошо ќе биде за неговата држава.


Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, во колумна за БИРН, изразува длабока загриженост за прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски, повикува ЕУ да не остане пасивна и се надева дека тековните преговори кои се водат под покровителство на Европскиот Парламент ќе вродат со плод.

Ерван Фуере пишува и за убиството на Мартин Нешкоски, за што вели: „Претепувањето до смрт на 21 годишниот Мартин Нешкоски, само неколку метри од бината на која што ВМРО-ДППНЕ ја прославуваше победата на изборите во 2001 година, своевремено отвори сериозни дилеми за контролата на владејачката партија врз безбедносните сили и специјалните полициски единици. Сомневањата дека високи функционери во Владата на Никола Груевски го прикривале убиството на младиот човек сега се потврдија преку прислушуваните разговори кои лидерот на опозицијата оваа недела ги обелодени. “

Во својата колумна, Фуере очекува протестите во следните денови да се интензивираат. „Со натамошно обелоденување на прислушуваните материјали, најавени за следните неколку дена, очекувано е протестите да се интензивираат, и покрај обидите на власта да ги дискредитира демонстрантите и да ги заплаши со силно полициско обезбедување“.

Фуере завршува со порака дека единствениот излез од оваа ситуација е оставка на Владата. „Единствено решение е Владата да се распушти колку што е можно побрзо и да направи простор за транспарентен процес. Тоа ќе му донесе барем малку надеж на народот во Македонија дека кошмарот конечно завршил.“

Колумната може да ја прочитате на Балкан Инсајт

            comments powered by Disqus

Поврзано

Бидете во контакт

Новинари

Вмрежи се! Регистрирај се во базата на новинари, биди дел од професионалната заедница и добиј пристап до најновите настани и публикации од граѓанскиот сектор.

Регистрирај се