Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
15. мај. 15.

Опозициска бомба: Власта на Груевски поттикнува насилство

Мери Јордановска Призма

Во графиците на БИРН можат да се прочитаат дел од разговорите кои денеска беа објавени од опозицијата, а во кои се употребува говор на омраза за албанската етничка заедница, и се слушаат фрустрациите на Гордана Јанкулоска затоа што не се во ситуација, а „можат да ги смачкаат за еден час“

Оваа власт на Груевски работи на уништување на соживотот во оваа држава, рече лидерот на СДСМ Заев на денешната „бомба“ | Фото: Роберт Атанасовски

Разговори на највисоките политички функционери од власта полни со говор на омраза и шовинизам против Албанците обелодени опозициската СДСМ на денешната „политичка бомба“.

Во разговорите кои наводно се водат меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот портпарол Иво Котевски, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер и други можеа да се слушнат безборј навреди за албанската етничка заедница во Македонија, па дури и повици за војна.

„Оваа власт на Груевски работи на уништување на соживотот во оваа држава! Оваа власт, секој ден, перфидно, зад маски, зад кулиси ја поткопува и ја загрозува нашата заедничка иднина и иднината на нашите деца“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во графиците што следуваат можат да се прочитаат дел од разговорите кои денеска беа објавени од опозицијата, а во кои се зборува за албанската етничка заедница.

Во еден од разговорите што ги објави СДСМ кој наводно се води меѓу тогашната министерка Јанкулоска и портпаролот на МВР Иво Котевски во 2012 година, тие разговараат за протестите во Гостивар кои се случија по двојното убиство во градот што го изврши припадник на полицијата. На протестите бил каменуван штаб на владејачката партија, а Јанкулоска е задоволна како телевизија „Телма“ го покрила прилогот.

Денешната политичка бомба на опозицијата предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи.

Најверојатно утре ќе биде презентирана уште една „политичка бомба“ на опозицијата, ден пред одржувањето на големиот протест во недела.

Објавувањето на таканаречените бомби ќе продолжи и по 17-ти мај.

            comments powered by Disqus

Поврзано

Бидете во контакт

Новинари

Вмрежи се! Регистрирај се во базата на новинари, биди дел од професионалната заедница и добиј пристап до најновите настани и публикации од граѓанскиот сектор.

Регистрирај се