Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
29. мај. 15.

Како е креирано Скопје 2014

Мери Јордановска Призма

Еден од најконтроверзните проекти на актуелната власт „Скопје 2014“ за својот идеолог го има директно премиерот Никола Груевски . Од аудио разговорите кои денеска ги објави опозицијата, може да се слушне како Груевски се инспирирал преку примери што ги видел од други држави.

„Никола Груевски е идејниот творец, планер, дизајнер и реализатор на Скопје 2014. Самиот Никола Груевски, преку овие снимки, признава дека лично тој стои зад огромниот криминал во Скопје 2014“, рече Дамјан Манчевски од СДСМ, презентирајќи ја 35-тата по ред политичка бомба.

Ова се само дел од разговорите кои беа обелоденети пред Владата.

Премиерот Никола Груевски и поранешнот министер за транспорт Миле Јанакиески разговараат за изгледот на фонтаната што би требало да се гради пред зградата на „Алпине“.

Премиерот предлага на тие што ќе градат, да им се „утрапи фонтана, да имаат обврска да ја изградат“.

Груевски и Јанакиески разговараат за изгледот на катната гаража во Центар, па настануваат одредени забуни дали таа ќе биде во „барок“ или „класицизам“. Премиерот меѓу другото предлага да се извадат барокни решенија како што има во Виена, Прага, Париз...

Груевски и Јанакиески се договараат околу тапацирот за новите автобуси.

Разговорот меѓу премиерот и поранешниот министер Јанакиески за автобусите продолжува во насока за тоа дали внатре да бидат поставени и реклами, како во метроата во Лондон.

Разговор меѓу Мартин Протуѓер, шефот на кабинет на премиерот Груевски и Миле Јанакиески за изградба на Дизниленд.

Премиерот на тогашниот министер за транспорт Јанакиески му негодува околу зградата што ќе се градела во општина Центар на 15 ката.

Министерката за култура во разговор со Јанакиески вели дека на многу објекти кои биле под заштита како споменици на културата, им го одземале тој статус додека да се сменат фасадите, а потоа пак ги ставале под заштита како споменици на културата.

Премиерот Груевски на пратеничката Силвана Бонева ѝ образложува зошто министерката за култура не треба да се појави на Собрание. Тој вели дека таа не треба да оди, за да не ја прашуваат колку чини проектот Скопје 2014, свесен дека ако се дознае цената на целиот потфат за архитектонско менување на главниот град, владејачката партија ќе загуби поддршка кај гласачите.

            comments powered by Disqus

Поврзано

Бидете во контакт

Новинари

Вмрежи се! Регистрирај се во базата на новинари, биди дел од професионалната заедница и добиј пристап до најновите настани и публикации од граѓанскиот сектор.

Регистрирај се