Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
25. јан. 16.

Историја на една говорничка мана

Владо Апостолов и Мери Јордановска Призма

БИРН преку инфографици објавува дел од контроверзните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, почнувајќи од 2008 година кога за првпат ги обвини неговите неистомисленици како „лукративни“, па сè до вчера кога одржа жесток говор во кој партијата ја поистовети со државата и со народот.

Груевски, на 16-годишнината од постоењето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ упати остри пораки со речник кој, според реакциите што ги предизвика, не му доликува ниту на претседател на месна заедница | Фото: МИА

Не е прв пат говор на Никола Груевски или негово интервју да предизвикаат бурни реакции во јавноста. Како се заоструваше политичкиот конфликт со текот на времето, така Груевски ја користише секоја прилика да упати сѐ пожестоки пораки, неколку пати и недолични за функцијата што ја извршуваше и на која сѐ уште претендира.

И ако во некоја нормална ситуација 16-годишнината од постоењето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одбележеше со скромна коктел-прослава и со свечено соопштение, оти нели - големите јубилеи обично се 10 или 20-годишнини, за потребите на нивниот лидер членките на владејачката партија вчера организираа вистински митинг во скопската сала „Јане Сандански“, од кој Груевски упати остри пораки со речник кој, според реакциите што ги предизвика, не му доликува ниту на претседател на месна заедница.

Тој ја обвини опозицијата дека сака да дојде на власт со помош на странски служби, криминалци и со фалсификатори, а во истиот куп-помагачи на СДСМ ги стави Зекир Бекири Чаушот, обвинет за фалсификување лични документи, специјалната обвинителка Катица Јанева и посредникот на ЕУ, Питер Ванхојте. Порача дека на избори народот на клоци ќе ги избрка министрите на СДСМ и без да го спомнува лидерот на опозицијата Зоран Заев му се обрати нарекувајќи го „црпнат експонент на служби“, непристојно како што го нарекуваат дел од медиумите што ја поддржуваат власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно за прв пат Груевски ја разбранува јавноста во интервју за МИА, откако без никакви конкретни докази, од позиција на премиер ги обвини дел од аналитичарите, колумнистите и експеритите дека биле лукративни. Во тоа интервју за прв пат јавно се пресметуваше со новинари, обвинувајќи ги и дописниците од Брисел дека шпекулираат на штета на државата.

Коментари имаше на писмото кое Груевски го испрати до своите членови, а сепак излезе во јавноста.

Непосредно пред затворањето на А1 телевизија, Груевски јавно ги повика граѓаните да припазуваат кога гледаат телевизија и читаат весници.

На одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, говорејќи за демографските проблеми ги разлути поддржувачите на родовата еднаквост, додавајќи дека во државата се воделе дебати за искривени вредности.

Откако полицијата и собраниското обезбедување ги исфрлија дел од пратениците и новинарите од Парламентот и по судирот меѓу поддржувачите на опозицијата и полицијата пред законодавниот дом, Груевски во директното телевизиско обраќање ја обвини опозицијата за државен удар.

За време на кампањата за локалните избори, на централниот митинг на владејачката коалиција во Скопје, сакајќи да потенцира дека во Македонија нема проблем со демократијата и со слободата и дека сега е време на реформи рече:

Веднаш откако опозицијата почна да ги објавува таканаречените „политички бомби“, Груевски се појави на прес-конеференција, најавувајќи „транспарентна судска постапка“ и соопштувајќи детали од полициската истрага за тоа кој всушност прислушувал. На новинарско прашање во кое својство премиерот се јавува повикан да излезе на прес-конеференција која е во надлежност на МВР, тој кратко одговори:

По избивањето на скандалот со прислушувањето, Груевски, на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, кажа виц за неговиот политички опонент Зоран Заев.

Осврнувајќи се на барањата за укинување на екстерното тестирање во средното и протестите да не се уведе ова тестирање на факултетите Груевски налути дел од наставниците со неговата генеза за тоа како во Македонија учениците добивале незаслужени оценки.

            comments powered by Disqus

Поврзано

Бидете во контакт

Новинари

Вмрежи се! Регистрирај се во базата на новинари, биди дел од професионалната заедница и добиј пристап до најновите настани и публикации од граѓанскиот сектор.

Регистрирај се