Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk

Бомба 3: Апсење на Љубе Бошкоски

Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ во Скопје на 20.02.2015

Разговори:

Прес-конференција:

Извештај од прес конференција

Призма:

Заев: Монтирано е апсењето на Љубе Бошкоски

Револтирани граѓани се собираат пред Владата

Транскрипт:

Разговор помеѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков и (ден по избори)

СМ: Ало началниче

ДПЛ: Добро бе друг да ми каже дека после.....у п... м...

СМ: А бе ајде, ти дигам...ти вртам, не ми се јавуваш на телефон. И ти, па и тој дебелиот не се јавува.

ДПЛ: У банка бев плаќав. Не, ја само што ми кажаа пет минути пред тебе.

СМ: Ама чекај малце. Ја бев у голема гужва знаеш и ова беше трка со време...

ДПЛ: И сега стварно сега со стотче у кеш го фатиле?

СМ: Да, ги фрлил парите 100.000. Пет-шест...десет парчиња по 10.000.

ДПЛ: Оф, оф, оф.

СМ: Лежеше таму едно пола саат на стомак, врзан на лисици. Дојдоа новинари го испосликаа, лом го направија, вриштел: Сашо Мијалков ме намести и солзи течеле.

ДПЛ: Леле, леле, леле.

СМ: И викал, како ми го начука Сашо Мијалков. А врзан со лисици отпозади, као Штрос Кан.

ДПЛ: А добро, чекај, што вика од каде му се тие 100.000?

СМ: Сега ќе ти кажам. Тоа ги зима за кампања, незаконски, незаконско финансирање на пари. Ова му е трет пат како ги зима. Ги има земено еднаш десет, еднаш дваесет и сега сто илјади. И тоа е кривично дело минимум пет години.

ДПЛ: А чекај од каде ги зима?

СМ: Ги зима од човек.

ДПЛ: Ама од странство?

СМ: Молим?

ДПЛ: Од странство или од тука?

СМ: Тука бе тука, у Воденица.

ДПЛ: А у Воденица, мене ми пишале на граница.

СМ: У Воденица бе, каква граница.

ДПЛ: Ауу, па он многу се осилил.

СМ: А бе лежеше тука 40 минути бе, сите го гледаа бе.

ДПЛ: Леле, леле, леле.

СМ: Па го вртеа со глаата према WC, со лисиците. Народ гледа.

ДПЛ: Леле, леле, леле

СМ: Му ебав мајката, што да ти речам сега.

ДПЛ: Нека јаде гомна сега.

СМ: .....А?

ДПЛ: Сеа со Велија заедно ќе се дружат.

СМ:Со Велија ќе слават победа сега.

ДПЛ: Да, да, да.

СМ: Осум години ќе му биде ова да знаеш.

ДПЛ: Види 30 дена ќе помине со Велија, а после ќе видиме.

СМ: Какви бе триесет дена, не искача тој до издржување на казна, какви триесет дена што ти е на тебе.

ДПЛ: Не, не зборот ми е со Велија ќе бидат минимум триесет дена заедно.

СМ: Не знам ја ќе му пуштам некој вака по, понадарен да го е.. унутра. Велија не може да го е.. добро. А?

ДПЛ:....Ја мислам Јохан, ќе се расплаче Јохан кога ќе чуе. Од среќа мислам.

СМ: Така да. Што ти реков ја од понеделник почињам да апсам, ти реков ја?

ДПЛ: Ееј, говедо едно, маме у пичка да го ебам. Стотче земал за кампања у кеш.

СМ: Ти реков ја, завршија изборите и утредента (извик).

ДПЛ: А пази стотче земал за кампања која не ја ни плаќа, без пари му е.

СМ: Да, да, да тоа е тешка злоупотреба.

ДПЛ: Значи, стотче .

СМ: Значи натоварен е со докази, со се, не може да мрдне, не го вади ни Господ.

ДПЛ: А кој човек му ги дал, кој му дава пари?

СМ: Му дава човек тоа. Тоа е зашитен сведок не може да се збори за тоа.

ДПЛ: Добро, добро.

СМ: Е така, ајде.

ДПЛ: Ајде чао, чао.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков (ден на избори)

СМ: Јас мислам ќе изненадиме ние, да знаеш. Ме води некоја интуиција така, нејќам да зборам пред рука.

ДПЛ: Мислам дека ќе биде ко што збориме. Ни изненадување на една, ни на друга страна. Педесет пратеника минимум во Македонија. Минимум ти зборам. Тоа е доволно.

Можеш со еден да коалицираш, можеш со друг, да земеш ЛДП ако земат пратеник за да појачаш, да личи, и 56-57 да бидат.

СМ: Ќе биде и боље, а тоа што ќе биде боље ќе ти кажам утре.

ДПЛ: Добро.

СМ: Утре ќе правиме муабет и ќе ти кажам, ова што сум ти кажал сега на што сум мислел.

ДПЛ: Ти види за ова во Охрид.

СМ: Ха ха ха.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков (2)

ДПЛ: Кажи началниче.

СМ: Ало?

ДПЛ: А?

СМ: Може и поубави слики да идат, слабо ми е да знаеш. На Канал 5 три пути боље, што е работата?

ДПЛ: Не гледав на Канал 5.

СМ: Ајде ова треба да го продадеме јако, да му е.. мајката.

ДПЛ: Види па пет дена ова ќе го вртиме, што јако.

СМ: А?

ДПЛ: Па пет дена ова ќе го вртиме.

СМ: Има поубави, како лежи на земја, како.... Држи таму ти жити се.

ДПЛ: Сега ќе и кажам. Ја сум утре, ја утре пак ќе го раскажувам, не се секирај.

СМ: Утре? Добро ама и за денеска знаеш. Ама добро денеска помина, ама за вечер може да се види нешто поубаво.

ДПЛ: Ќе се јавам ја пак, ајде.

СМ: Добро, вечер ќе има изнесување од суд, внесување од суд. Али кога лежи доле, на улица лежи бе као говедо. А?

ДПЛ: Кога го враќаат кај колата е добро да се слика и тоа.

СМ: А тоа сега ќе видам.

ДПЛ: Ќе им кажам на овие сега таму.

Разговор помеѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков

СМ: Ја ветив една работа, дека ја од понеделник апсам.

ЕС: Видов ја, ама па ти не дочека...ти си у пичку матер, се смеевме.

СМ: Не можев да чекам јас. Тачно чекав 5-ти да пројде кампањата, да видиме кој е кој и од 6-ти си почињам со апсење.

ЕС: Не друже алал нека ти е ова за денеска. Јас се изненадив, ја не верував. Ја знам дека мене ми кажа ти, ама јас мислев дека од среда, од среќен ден. Ама ти од денеска, ептен онака.

СМ: Не, не, ја реков од понеделник почињам и нема. И тоа почнав од тој највака што е вака нај, најубав за апсење.

ЕС: Од фраерот, најубав да.

СМ: Од лепотанот.

ЕС: Од лепотанот, Шевенинген нека го види сега во Скопје, мамицата глупа.

СМ: Прати камери сега во суд таму.

ЕС: Добро.

СМ: Ќе го носат на суд.

ЕС: Добро.

СМ: Исто и пред Воденица можда имаш камера.

ЕС: Има, има. А бе гледавме во 5 саат.

СМ: Слушај!

ЕС: А?

СМ: Гледам овај, немој ...Ќе си го пуштате оргинал како што си го снимале, немој да заматувате ова, она.

ЕС: Не бе, го пуштија во 5 саат со пиштолот и со тоа, јас ги гледав на Канал 5.

СМ: Е така да, да.

ЕС: Го видов, снимката е снимена.

СМ: Е ја само Канал 5 не видов, имав состанок во другата сала.

ЕС: Не бе друже.

СМ: Така ќе си оди, така?

ЕС: Така бе друже, така, што ти е на тебе бе, нели бе не го пуштивме...

СМ: Море све да му е...

ЕС: Него знаеш што уште ќеф да ми направиш, тој Љупчо да го уапсиш и тука веќе готово крај си ме...до крај.....

СМ: Ќе правиме муабет.

ЕС: Мамицата да му ја ебам. Ти добар ли си?

СМ: За овој ќеф ли ти е?

ЕС: Како не ми е кеф. А бе ние не го пуштивме една секунда, ја што јадев гомна цело време.

СМ: Али ова е добро, 5-ти завршува, на 6-ти апсење.

ЕС: Е така сигурно. Еден пријател тука сега вика кога ќе го види Шевенинген како Холидеј Ин ќе му се видело вика, ќе сака да се врати назад.

СМ: Охо сега во Шутка, ќе го јаде таму, ќе го е... наркомани.

ЕС: Нека го е.., што го еб... Јадеше гомна...

СМ: Наркомани, пошто он сака со нив многу да се дружи.

ЕС: Да, да многу фраер бил. Иначе знаеш што викаат Велија сабајле станал и прашал која дата сме, го лажеле дека било 4-ти, дека не е 6-ти.

СМ: Шо збориш, тоа виц ли е?

ЕС: Да бе да. И телевизијата како ми рече Брицо не се викала А1, него АШ 1, ме разбираш.

СМ: АПС 1, а? Еј што фора е тоа. Слушај сакав да те частам за денеска, ќе те викам ајде.

ЕС: Те чекам да се видиме ја и ти, и тие двете работи да си ги завршиме сега веќе.

СМ: Да, да двете работи да.

ЕС: Ајде, ајде. Ај чао.

СМ: Да.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер (1)

ГЈ: Да, ало?

МП: Горде?

ГЈ: Кажи?

МП: Еј, а бе сега му пишав и на Сашо, демек некои пет автобуси тргнале од Прилеп.

ГЈ: Е ако де.

МП: Комуњариве ги организираат за протест.

ГЈ: Е ако де, не е проблем нека тераат.

МП: Технички преглед бе.

ГЈ: Де бе што се секираш, ќе си ги средиме ние.

МП: Добро, добро.

ГЈ: Океј, ајде.

МП: Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер (2)

МП: Еј Гоцо.

ГЈ: Што праиш бе?

МП: Еве бе. Ти?

ГЈ: Еве и ја.

МП: Што има?

ГЈ: Ништо бе. Ова ќе помине добро?

МП: Кое? Да бе да.

ГЈ: Добро да прашам.

МП: Кај нашиве добро, овие А1 ја ваделе жена му плачела, кај е маж ми, правна држава, нема каде да се обратам, монтирани случаи, Јохан, Соња.

ГЈ: Каква врска има Јохан, Соња?

МП: Кубела коси. Добро е да кажете за што е знаеш.

ГЈ: Кажавме, кажавме.

МП: Кажавте се?

ГЈ: Да, Иво имаше прес, ама сега заврши, знаеш пошо..

МП: Што кажа на прес, што кажа?

ГЈ: Незаконско финансирање на кампања, во три наврати давани му се пари, еднаш десет, па дваесет, па сто илјади, фатен со парите. Тоа што може да се каже ама ептен, јас ги видов снимките нашиве што ги направиле ептен, кесиче од Зара и од кесичево стотки искачаат.

МП: Дали ние можеме...?

ГЈ: Крцка кесичето, пуно со паричиња.

МП: Чекај, дали ние можеме освен ова да, муабетот да го пуштиме?

ГЈ: Зависи во каква форма муабетот?

МП: Да кажеме што било. Дознава Канал 5 дека тоа и тоа. Да го продаде името, да направи ова?

ГЈ: Ај да го чуваме тоа за од утре-задутре, да ја напишам пријавата денес, оти знаеш денес мораме да ја исфорсираме да имаме пријава за да нема простор за тензија, он кога ќе си влезе во Шутка друг е муабетот више кога е внатре.

МП: Слушај, јас од утре му ги зимам сите комитети. Во рок од недела дена му ја распаѓам партијата, сите во цела држава.

ГЈ: Тоа е супер, ама треба да направиме Мартин и еден список, да ги сотреме.

МП: Како да ги сотреме?

ГЈ: Па така, не може некој што душа ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во институцииве. Еве кај мене на пример тие што му биле обезбедување, нема бе да работат во МВР. Нигде нема да работат.

МП: Не, не, не, вака сега, на главните луѓе тие што ни беа највака, треба показна вежба. И више на Билјана, на Томче тие ги бркаме му кажав на овој, од денеска, на клоци.

ГЈ: Да, да, епа види овие што се џандарите од кај мене на пример му биле на листи на Љубе.

МП: Значи тие луѓе најмногу што не плукале. Другите оние обичните што се завеани, од некои други, и знаеш некои имало...

ГЈ: Да де наше членство, што би рекол Б.Ц гревови го излажале. Ама Томче не може бе цела фамилија во ПИОМ да му работи, Билјана не може, не знам...

МП: Тоа јас ќе го завршам.

ГЈ: Тие што му се, не знам оваа Наталија кај му работи, сите тие што му се вака најекспонирани треба вака да им се отчита лекција. И плус на комуњарите исто. Не може бе некој кај Рада у штаб вчера седи на прес, а да работи во институција државна. Е сега ја не ги знам кои се, ама претпоставувам дека. Треба една јака анализа, до формирње на нова Влада да ги исчистиме.

МП: Дозволи.

ГЈ: Се претераа. Мислам душа ни извадија.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Да?

ИК: Ало, само да прашам зошто ептен нема време, а бараат и веснициве. Фотки?

ГЈ: Дај им бе.

ИК: Имало на снимкиве некои, малку ---- како што ми кажа, јас сега се качувам према канцеларија, понасилни, односно.

ГЈ: Па нека одбере поненасилни.

ИК: Така и јас мислам. Легнување на асфалт може, ама Пуки или некој од другиве му бутале пиштол у уста.

ГЈ: Тие нека не ги даваат.

ИК: А легнување на асфалт може така?

ГЈ: Да бе да.

ИК: Тоа е културно што.

ГЈ: Да бе, и цело Скопје го виде.

ИК: Да бе, па и Штрос Кан го апсеа со лисици. Овие морониве од А1 ме прашуваа за ова.

ГЈ: Ок, ај да гледам А1 сега, се договориме за ова.

ИК: А Телма ме прашуваше за убиено дете на плоштад. Идиоти.

ГЈ: Ок, ајде, ајде чао.


Поврзано