Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk

Бомба 17: Прилеп

Прес конференција на Сашо Велески, претседател на ОО СДСМ Прилеп на 04.04.2015 год.

Разговори:

Прес-конференција:

Извештај од прес конференција

Призма:

линк

Транскрипт:

1. Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска

ЗС: Претходно го рибав, ја оплеска работата со инспекциите, и место сега да се извади на тоа, се правдаше, извини , сто пати извини, не знам што…

ГЈ: Да, па нели ми кажуваше…

ЗС: Сега уште како лефтер, онака, таков е целиот као…и он и Владо се исти типови, ко…лефтерни, така…на заебанција се им оди…

ГЈ: Ама не може така на заебанции, знаеш…Сега бар, ај јас не толку, ама ти колку имаш направено за него, па и ја бе. Пиво фесотот, ја да не сум…порано луѓе убиваа на Пиво фест.

ЗС: Да бе да.

ГЈ: Сега нема сообраќаен прекршок на толку алхокол испиен. Знаеш тоа кој ангажман е на…

ЗС: А бе ај, ја тоа сакам да му го затворам, ќе го затворам тој Пиво фест.

ГЈ: Така?

ЗС: Не може да си игра играчки он со мене. Минатата година кога отиде Горан на контроли, 100 телефони најде да ме…да му помагам.

ГЈ: Мислам неубаво изгледа и ради другите луѓе што беа, сеа сметката, ова-она. Не, неубаво мислам. Ај…

ЗС: А бе должен е таму да седи. Што прави четири и пол саати, те молам?

ГЈ: Да бе, нели ти имаше пишано: ќе ти кажам, проблеми имав, ова-она.

ЗС: Кој проблеми, четири и пол саати не можеш да седнеш.

ГЈ: Не знам што проблем е тоа, да не треба он да пее…

ЗС: Бранко Црвенковски да дојде, па ќе седнеше со него.

ГЈ: Ама и ред е да седне бе. Ред е да дојде да го поздрави, да седне, било кој од тсков ранг политичар, така? У странство да отидеш, па ако те знаат дека си министер, ќе дојде, ќе те поздрави тој што е организатор ќе седне, што ништо не му значиш, а не ти колку имаш за него направено, и за Прилеп и за све…

ЗС: Сељачиште.

ГЈ: Тоа е чудно, многу слески. Мене баш така уште на сам почеток, тоа со седнувањето неубаво ми дојде ама…

ЗС: И мене бе, и мене. Јас се изнервирав уште тогаш и затоа си се свртев, не му правев многу муабет.

ГЈ: Знаеш сега јас се подтргнав, му правев место, седни меѓу нас двајца-не седнува.

ЗС: Да де да.

ГЈ: Идиот.

ЗС: Ко да секој може меѓу нас да седне или друг да седне на таа маса.

ГЈ: Да бе да, мислам знаеш сега…фактички јас се поместив, станав од моето место за да му направам на него. Мислам ептен неубаво.

ЗС: Јас се мислам да му држам некое време лутина, така да, го побарав еднаш повратно зафатен му беше телефонот и не го барав и не му одговорив на ниедна од пораките, уште една ми пушти сабајлево…

ГЈ: Не, не, не знам дали ми пуштил, не ми текнува…

ЗС: Се мислам да заоштрам. Не ми се свиѓа целава оваа работа, не сакам да му попуштам одма.

ГЈ: Види, јас со него немам ни некоја релација, немам ни многу комуникација, едино вака, на мајтап со Миле…така да заоштрено е кај мене.

ЗС: Ја имам…

ГЈ: Да, добро кај тебе е друго…

ЗС:…знаеш, у моја изборна единица, значаен град, тие работи, ги ставам сите работи на куп. Затоа не знам што да правам, иначе…

ГЈ: Не, ама треба да размисли…

ЗС: У исто време кога ме моли за 100 работи, он се однесува детски, место…не знам како да го кажам, не знам…

ГЈ: Треба да разбере дека не е во ред тоа што го направил, иначе голема работа за една сметка или било што, односот не е во ред.

ЗС: Да де да. Или ја ако не седне Маријан до мене, ќе се онесвестам.

ГЈ: У депресија ќе паднеш. Не е во ред. И така…

ЗС: Ја ако сакам да се забавувам ќе си отидам, Здравко овдека беше у Скопје нема да акам до Прилеп, ако ми е чисто за Здравко.

ГЈ: Ни Маријан, ни никој..

ЗС: Да.

ГЈ: Ова одењево…

ЗС: Кај да отидам, на кој сакаш штанд ја да отидам, ќе ме…

ГЈ: Ќе се искршат….

ЗС: На раце ќе ме држат.

ГЈ: Ќе се искршат. Па тие едвај чекаат да им дојдеш и да те видат дека си ти таму. Повеќе за другите, отколку…и на нив им е битно…

ЗС: А бе сите тие таму зависат од мене, на еден или друг начин. Сите нешто побарсле или бараат.

ГЈ: Да бе да.

ЗС: А бе утре да решам јас еден од тие да затворам, ќе го затворам за 24 часа, сите законски.

ГЈ: Многу без врска.

2. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МР: Што правиш Миле?

МЈ: Добро бе. Си одам накај дома.

МР: Ме бараше нешто?

МЈ: Дај ми ги овие две фирми на Кокаров и на овој…

МР: Ти ги пуштив вчера.

МЈ: Не ми стигнаа.

МР: Од Панде „——“ а од Кокаров треба да провериме.

МЈ: Е па таа од зет му фирмата е едната. А од Хари?

МР: Од кој Хари?

МЈ:Хари Локвенец.

МР: Еј, на Димко ќе му речам, ќе ти ја пушти.

МЈ: А кој е за пресовите/дресовите , како иде сега?

МР: А бе Панде е за ЕС-ДЕ-ЕС сега.

3. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МР: Еј Миле, ме побара?

МЈ: Да. Значи, не брзај со одлуките, на пример со масите. Направете програма се, значи да биде регуларно и Жаре и овие. Значи се направи си по програма, внеси ја на Совет и после удирај.

МР: А бе имаме програма ние, имаме реакција од зградата за нарушување на јавен ред и мир. Тоа не е планирано за бавча тука.

МЈ: Него удри го.

МР: М?

МЈ: Него можеш да го удриш. Тука знам стално забележуваат со години.

МР: Да де да, ама тие ги имаат сменето, го имаат преправено и по рекација од граѓаните нема да му дозволиме да стави мовче и крај. Ќе му го турниме шанкот, пошто дива градба е.

МЈ: Е така. Донеси му денеска решение за шанкот…

МР: Решение за шанкот и да ја протераме работава.

МЈ: После ——–, ќе видиш дали тој има нешто за маси, за закуп, за ова-за тоа.

МР: Ама има, Дане реагира овие од кај мене, не ја поскапува маржата, политиканство брка, викаат, се нервираат.

МЈ: Нема, ќе ги стегнеш Маријан. Сега после она…

МР: Политиканство брка, се прави—-, не може така. Онаа Ла страда терасана…

МЈ: Која?

МР: Ла Страда.

МЈ: Не отворај војни сега многу.

МР: А?

МЈ: Не отварај војни многу.

МР: Да остане?

МЈ: Пополека.

МР: Како да оди. Мислам дека максимум едно кафуле од 3 квадрати…

МЈ: Не го бива…

МР: Значи и за нас ќе биде, не може 16….

МЈ: Значи пополека, пополека. Еве сега Диме реши го, па после две недели овие реши ги…

МР: Ајде, ќе правиме…да знаеш не ги оставам. Што сака нека се случува, не ги оставам. Големи лицемери, прв се надувал ондека…..се радуваа за…

МЈ: Знам, ми кажуваа. Кој се радувале?

МР: Тој прв, најјак од сите.

МЈ: Кој?

МР: Еклерот.

МЈ: Е па реши го тој денеска. Уште денеска да види малку сила.

МР: Да.

4. Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска

ЗС: Пред три дена Маријан…не бе општо е дисциплината опуштена, не е само тоа. Има и тоа влијание, ама и целата работа е за никаде. Маријан Ристески го викам за програмата, 20 минути касни на состанок.

ГЈ: Да бе да.

ЗС: Кога сум го запукал. Пичка му матер викам, на што личи ова бе ти?

ГЈ: Тој Маријан да ти кажам е тежок фолирант станат. Некни ми се јавува и ми вик, претепале наши, не знам у болница се, всакви-такви. Се испостави после тоа, јас проверувам, нашите се карале со овие што протеситраа и не ги претепале. Никог не ги ни пипнал. Само се…вербално си довикувале…и биле пијани. Мислам пази..

ЗС: Не, не. Тој е тотално нестабилен тип. И нема да мрднам за него за избори.

ГЈ: Викам, добро ти ги виде луѓево? Не, вика вака од кажување. Викам – дај не ме мести вака, од кажување. И така…мислам ептен, многу се нервирам со целава ситуација.

5. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МЈ: Ало.

МР: Ало.

МЈ: Попара вчера брат.

МР: Попара, попара. Ама види со оваа финатава да не прават.

МЈ: Тој Доситеј у курац ќе фати. Се јавувал за Хари вчера, да не го казнуваат.

МР: Што зборуваш?

МЈ: Почнаа да ме нервираат тие од Бигорски мене.

МР: А што, пријател му се прај, а?

МЈ: Мхм.

МР: Е како така бе? Што не му даде Хари 20.000 евра за манастирот, од парите што ги печали? Туку ние му даваме, не му е срам?

МЈ: Е ајде де.

МР: Еее, сето дволични луѓе, ебаго. Само Нешка Дониа да ја посетат.

МЈ: А што има таа со ЕС-ДЕ-ЕС?

МР: Таа му велела јавно на вработените да одат на митинг за ЕС-ДЕ-ЕС и да му дадат глас.

МЈ: Ај пушти ми ја на СМС точно фирмата.

МР: Дониа. Нешка. Дониа.

МЈ: Не, точно сега…Нешка, Дониа…може да не постои.

МР: А бе Дониа, Дониа. Фабрика за слатки е.

МЈ: Ама таа имала 30 невработени, непријавени.

МР: А? Како?

МЈ: Над 20 невработени имала оваа. Непријавени.

МР: Која?

МЈ: Оваа од текстилната.

МР: Конфекција Ангел?

МЈ: Мхм. Хари, и тој имал непријавено. 11 илјадарки вчера, штраак.

МР: Колку, 11.000 евра?

МЈ: Да.

МР: Малку му е тоа. Тоа треба секој месец посета. А овој од Имиџ?

МЈ: Сите се казнети, сите.

МР: Ајде, ајде, ајде.

МЈ: Значи сите се казнети од трите.

МР: Ајде, ајде, ајде.

МЈ: Ајде.

6. Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Маријан Ристески

ЗС: Слушај ми го советот, значи колку и да ти е тешко мораш сега да застанеш и да не покажеш слабост.

МР: Ама не покажувам јас слабост.

ЗС: Значи…

МР: Јас мамето му го ебав денеска, летни бавчи му фрла..

ЗС: Мора да покажеме сила и дека знаеме да ја контролираме состојбата и дека одиме до крај.

МР: Ама летни бавчи, утре со хилти му влегувам…

ЗС: Ете така.

МР: Ќе видиш. По телевизии ќе кажуваат.

ЗС: Така, така.

МР: Не ги оставам така да дишат. Мамето мамино ќе му го ебам.

ЗС: Сега на врсст треба да се стапни, и кај што има и фирми ќе ми кажеш кој се.

МР: И ве молам со Миле, дајте раководители да си кладиме во директоратите. Не ја бидува работава.

ЗС: Еве ти, размислувај за имиња, уште сега ти кажувам. Ајде кога ќе дојдеме…

МР: Не бидува вака со комуњари инспектори…

ЗС: Не бива, не бива…

МР: Не ја бидува…

ЗС: Не е битно и комуњари да се, и наши што не ја работат работата, треба да се менуваат. Во подрачните треба 90% нови луѓе.

МР: Мора, мора.

ЗС: Све ова ќе го поразговараме кога ќе дојдам таму. Ти подготви материјал.

МР: Јас прибирам информации, ќе ги сублимирам информациите и ќе Ви кажам што е направено во Прилеп.

ЗС: Фирмите те молам, ми требаат. Кој и како играл.

МР: И фирмиве, и фирмиве. Значи стапнување на врат најздраво што може да биде.

ЗС: Е така. Ти само дај ми мене…

МР: Ќе соберам информации, ќе Ви кажам за се.

ЗС: Добро. Ајде не си сам, ќе ја завршиме работата. Терај.

МР: Поздрав, фала.

ЗС: Поздрав.

7. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МР: Замисли уште ми нема честитано тој идиотот, човече.

МЈ: Ти на Кокарица да и честиташ. Ми вети. И на тие трите штоа беа на Отпор.

МР: Од понеделник бе другар, че видиш.

МЈ: Секој ден ќе те потсетувам.

МР: Од понеделник че видиш.

МЈ: Или напрај си конкурс…

МР: Мхм.

МЈ: Примам млади луѓе,

МР: Мхм.

МЈ: Архитекти, правници, ваму-таму. За една година ќе ти бидат цакум-пакум. Конкурс…

МР: Па имам малди правници примено, 4 деца, топ.

МЈ: Објави конкурс, нека ти се јават луѓе и само со професионални агенции нека ти биде, последните 50 ти интервјуирај ги, види кои се вмровци и прими си ги.

МР: Мхм.

МЈ: Каревци, Ицко, тие…батали тоа. Млад и стручна администрација.

МР: Знам брат, ќе истераме, што се секираш па ти.

8. Разговор помеѓу Маријан Ристески и Дејан

Дејан: Ајде честито старо-нов градоначалниче.

МР: Ооо, Деки Пелистерка ми е гласот.

Дејан: Имам еден список на куртони таму по центарот што беа против тебе, треба мамето да му го ебеме во овие 4 години.

МР: Е па брат, тоа списочето дај ми го и мамето мамино че му го ебеме.

Дејан: Тие фаците што се фолираа сите до еден, гомнојадците, тие треба да им ги испозатвориме сите кафичи, мамето да им го ебам јас нивно.

МР: Ќе ми кажеш кои се и мамето…

Дејан: Ме нервираа секој ден тука. Жаре ми кажува, сите ги знае до еден, се расправаше неколку пати идеше во Прилеп, пееше тој период. Му ебам племето…така. Ајде ќе се видиме.

МР: Се видовме ние со Жаре бербер, ти кажа?

Дејан: Нека ти каже тој, ги знае сите до еден. Тој пак сега ќе дојди Прилеп, петоок-сабота, ќе му речам да ти ѕвони.

МР: Ај нека ми ѕвони, ќе го видам малку. Ти што правиш арен си?

Дејан: Добар бе, еве со Мики бевме малку на фармата.

МР: Што прави Мики?

Дејан: Е па сега мора Центар да го сработиме.

МР: Ако не го сработите Центар ќе ве стрелам, жими се.

Дејан: Да, да.

МР: Морате Центар најбитен ми е.

Дејан: Така.

9. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МР: Ало? Што правиш, стана?

МЈ: Сега станав.

МР: Што ќе ти велев…Паднат е рејтингот многу бе човек во Прилеп.

МЈ: падна Прилеп море.

МР: А?

МЈ: Ништо не знам Маријан, денес правиме нова анкета. Не ми се верува дека е така.

МР: Не знам веќе што да направиме, пичка му матер. Тоа значи народов ептен специјалка е, не знам што да ти речам. Значи нешто друго треба да се прави во градов. Малку ги презаситивме, улици, едно-друго, човек…веќе како навика им е, како така да треба да биди. Се научија на работа многу, нешто друго треба, пичку матер.

10. Разговор помеѓу Маријан Ристески и соговорник

Соговорник: Оооо братче.

МР: Аирлија работа Владе.

Соговорник: Гласа ли Прилеп?

МР: Ќе гласа и оро ќе игра. Хахаха.

Соговорник: Хахаха.

МР: Ќе гласа и оро ќе игра.

11. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер

ГЈ: Да, ало?

МП: Горде?

ГЈ: Кажи?

МП: Еј, а бе сега му пишав и на Сашо, демек некои пет автобуси тргнале од Прилеп.

ГЈ: Е ако де.

МП:Комуњариве ги организираат за протест.

ГЈ: Е ако де, не е проблем нека тераат.

МП:Технички преглед бе.

ГЈ: Де бе што се секираш, ќе си ги средиме ние.

Мартин Протуѓер : Добро, добро.

ГЈ: Океј, ајде.

МП: Чао.

12. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

С: Ало

МЈ: Од кај ти е сега оваа идејава?

С: Значи, идејава ми е, споредував сé живо и диво како што се движат работите, ме сфаќаш? Значи, од претходно што сум правел, седнав баш специјално за тебе да направам, за да не плачеш после…

МЈ: Значи, вчера упад му направив во Прилеп, му е..в мајката. Сега истото го направив во Радовиш.

С: Видиш, ти више знаеш што треба да правиш, ама ја морам дополнително да те потсетам.

МЈ: Истото му го направив во Кавадарци, истото му го направив во Неготино.

С: Добро.

МЈ: И истото го направив и во Струмица. Росоман му го пуштив Спирковиќ, не знам друго шо да правам за Росоман и тоа е.

С: Не, не, не. Јас само ти кажав од ова. Ти ако си го направил ова, супер. Да ми биде мене мирна совеста. Тоа ти кажувам.

МЈ: Ок. Ајде.

С: Тоа ти кажувам. Ајде.

13. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МЈ: Ало?

МР: Што направија со Хари?

МЈ: Ништо, го повлековме…го повлече Статутот и сега следен чекор собирање на потписи за оставка.

МР: Мхм.

МЈ: Тоа што беше целта се оствари.

МР: Значи нема да оди Статутот, а?

МЈ: Не.

МР: А, ако го поднесеше немаше да му помине?

МЈ: Па немаше. Немаше 2/3 присутни во салата.

МР: Пичка му материна.

МЈ: А бе најубаво е да се повлече сега. Че цапниме јако, …..

МР: А бе зошто да цапните, нека го викни шефот и нека му рече два збора и…

МЈ: А бе нема, кој е Хари шефот да го викни? Нека се повлече, што шефот да го викне?

МР: А бе не шефот, некој да му шепни и да си оди, толку, што.

МЈ: Ами, шепни му, ама ќе ја злоупотреби тој таа средба. Еве зборни ти по прилепска линија, или Сашо нека збори.

МР: Не бе Мантата…Сашо му рече. Му рече Сашо, му рече. Ја не сум толку близок бе Миле сега за да му верувам ја толку.

МЈ: Таман се курчи дека е близок…

МР: Манката можи да му речи, а?

МЈ: Нека му речи, што.

МР: Мантата можи да му речи.

14. Разговор помеѓу Маријан Ристески и Гордана Јанкуловска

ГЈ: Да.

МР: Министерке, како сте, добри?

ГЈ: Добро сум Маријан, ти како си?

МР: Добро еве, јас само да Ви пријавам инцидент имало во Прилеп.

ГЈ: Добро.

МР: Овие од ЕС-ДЕ-ЕС штајкувале и луѓе наши некои, врвеле со кола во болница. Стариот со бајпаси на срцево, детево го возело, ги извадиле, ги изначукале здраво, му влегле во штабот…

ГЈ: Нашиве се натепани?

МР: Нашиве, да. Тие штрајкуваа на разни локации, и во близина имаме штаб ние, му влегле внатре, полицијава си дремела. Овие му карале, му фрлале, ќе ве запалиме сосе штсбот, мајмуни едни, исплашени децава. Запрепастени од полицијава, си стоела на страна и ништо не реагирала.

ГЈ: Добро, полицијата не смее да реагира во таков случај, ама ако го пријавиле инцидентот ќе видиме.

МР: Пријавен е инцидентот, и тие апашите што мавале точно ги знаат. Му велам: зошто не ги приведовте? Вика – ќе сносам прекршочна пријава.

ГЈ: Дисциплинска одговорност.

МР: Дисциплинска одговорност…

ГЈ: Е па Маријан, тоа е. Полиција нема овластувања како што имаше порано. Сега…

МР:Ама…

ГЈ: Може да гледаат и да ти напишат пријава.

МР: Ова не го очекував.

ГЈ: Но, незавнисно тоа си е законот. Ние ќе си пуштиме пријави сега.

МР: Да, ама министерке едниот е познат криминалец, значи…

ГЈ: Штом ги знаат полесно ќе оди.

МР: Едниот Лоло го викаат, другиот, како го викаа..Али Баба го викаа некако…

ГЈ: А бе они во Прилеп се знаат сите, мислам, ја може да не го знам, ама во Прилеп се знаат.

Поврзано

Сподели ресурси!

Испратете ни ги најновите алатки, прирачници или важни документи кои се издадени од вашата организација или со кои вашата организација располага. Вашиот придонес ќе помогне во јакнењето на капацитетите на новинарите и граѓанските организации во Македонија.


Испрати