Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk

Слобода наместо страв – трибина и активистичка акција за слободна комуникација

Метаморфозис

На 19 октомври во ГЕМ-клубот се одржа трибината „Безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите“, а веднаш по трибината беше одржана и работилница за безбедно користење на мобилни телефони

Билјана Волческа и Предраг Тасевски

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија одржа повеќе настани и активистичка акција на терен. На 19 октомври во ГЕМ-клубот се одржа трибината „Безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите“, а веднаш по трибината беше одржана и работилница за безбедно користење на мобилни телефони.

Според Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци, која учествуваше на трибината како говорник, оваа институција по службена должност не повела постапка од засегнати граѓани за материјалите што произлегуваат од политичките „бомби“ бидејќи до сега ниту еден граѓанин не доставил претставка за овој случај. Инаку, со „бомбите“ на опозицијата беше обелоденето дека се прислушувани повеќе од 20.000 граѓани.

Таа се осврна и на улогата на телекомуникациските оператори во процесот на прислушување и прибирање и обработка на лични податоци, како и мета-податоци од телефонските разговири. Според Волческа, мобилните оператори во Македонија масовно ги собираат сите мета-податоци од разговорите на граѓаните и ги чуваат 12 месеци, за разлика од ЕУ, каде тоа воопшто не се прави.

„Постојат стандарди според кои можат да се следат комуникациите и да се прибираат лични податоци, а сè што ќе се прекрши преставува нарушување на приватноста. Телекомуникациските оператори и интернет-провајдерите треба да имаат механизми со кои ќе ја гарантираат доверливоста на своите корисници и кои треба да обезбеднат сигурност и тајност на нивните податоци и комуникации. Тие треба да преземат технички мерки за податоците да бидат сигурни, а потоа да бидат и уништени доколку целта за која се собирале се исполнила“, додава Волческа.

Виолета Ѓорѓиевска од „Интернет хотлајн провајдер – Македонија“ вели дека со објавувањето на „бомбите“ се случило таканаречено сајбер-малтретирање (сајбер булинг) на дел од политчката елита, што претставува појава при која одредена група вади и објавува лични податоци за некоја личност со што ѝ го нарушува угледот.

„Сајбер-малтретирањето не е дефинирано во согласност со Кривичниот законик и не знам како ќе се решат случаите што се поврзани со тоа. Законот за „бомбите“ што го предложи власта е буквален атак врз слободата на интернетот и претставува негова цензура. Таков закон не може да се донесе без да се формираат соодветни тела што ќе водат грижа за интернетот да не се цензурира“, рече Ѓорѓиевска.

Предраг Тасевски, основачот на cybersecurity.mk, покрај тоа што учествуваше како говорник на трибината, одржа и работилница за безбедно користење мобилни телефони, на која учесниците можеа да се запознаат со начините за заштита на комуникацијата.

Иницијативата Слобода наместо страв - меѓународни денови на акција“ е присутна во Македонија од 2008 година, а оваа 2015 година како партнер се вклучува и коалицијата Граѓаните за Македонија. На 16 октомври, граѓански активисти од Фондацијата Метаморфозис и коалицијата Граѓаните за Македонија изведоа акција на терен во која со маскоти на големи уши и големо око, преку пародија прикажаа како изгледа прислушувањето во Македонија.

Метаморфозис

Вести

/мк/file/show/Images/poplava1.jpg

Пунктовите за помош не се затворени

Независна иницијатива за помош на граѓаните
/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/znm logo.png

ЗНМ го напушти брифингот на Томовска

Здружение на новинарите на Македонија
/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/logo helsinski-2.png

Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура

Хелсиншки комитет за човекови права на Македонија
/мк/file/show/Images/Logoa 150h150 NVO/Logo NGO koalicija.png

Викенд на гордоста Скопје 2016

Викенд на гордоста Скопје

Поврзано

Бидете во контакт

НВО

Вмрежи се! Регистрирај ја твојата организација во базата на Призма, за да бидеш дел од семејството граѓански организации и олесни ја комуникацијата со новинарите и јавноста.

Регистрирај се

Сподели ги најновите информации!

Најновите случувања и публикации од вашата организација испратете ги до нас. На оваа страна ќе ги објавуваме последните случувања во граѓанското општество.


Испрати