Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk

Настани

Клуб ГЕМ, Скопје среда, 11.06.2014 (14:00-16:00)

Експертска јавна дебата за промените во Законот за спречување и заштита од дискриминација

На дебатата за потребите од промени на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел ефикасна заштита од дискриминација на ЛГБТИ лицата ќе зборуваат Билјана Котевска, Мирјана Најчевска и Наташа Бошкова

На 11 јуни во 14:00 часот во ГЕМ клуб (над Менада, Стара скопска чаршија) Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ќе одржи експертска јавна дебата по повод предлог промените во Законот за спречување и заштита од дискриминација и внесување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи во членот 3. Темата на дебатата е Потребите од промени на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел ефикасна заштита од дискриминација на ЛГБТИ лицата. 

Говорнички на дебатата ќе бидат:

-         -  Билјана Котевска, авторка на публикацијата „Водич за основи за дискриминација“ 

-         -  Проф. д-р Мирјана Најчевска

-          - Наташа Бошкова, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

Дебатата ќе ја модерира Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. 

Дебатата е дел од проектот Член 3: Иницијатива за поддршка и солидарност со ЛГБТИ заедницата на Коалиција „Сексуални и здтравствени права на маргинализираноте заедници“ во партнерство со Акција Здруженска и Ф.Р.И.К. Зад иницијативата Член 3 застанаа триесет и шест граѓански организации, две мрежи на организации (Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство) и петстотини поединци кои потпишаа картички до пратениците во Собранието на Република Македонија. 

Поврзано

< април 2017. >
петсабнедпонвтосречет
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930