Призма

Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор ● Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

Ова е архивска страница на која се архивирани содржините до 17.08.2016 година.
Призма има нова страница која е достапна на следната адреса prizma.mk
20 јули 2015 /мк/file/show/Images/Блогери/blog branimir jovanovic.jpg

На кого се однесува приказната?

Бранимир Јовановиќ

Многумина ме прашуваа деновиве – што си запнал толку со таа Грција? Одговорот место мене го даде Жижек, цитирајќи ја латинската поговорка – DE TE FABULA NARRATUR. Или, во превод, приказната за Грција се однесува и на нас.

Ова што се случува деновиве и сите овие години во Грција не е воопшто борба на Грција против Германија, или против озлогласената Тројка. Ова е онаа вечна борба на народот против елитите. И тоа во три епизоди. Првата е онаа кога елитите, додека се на власт, неодговорно трошат, т.е. колоквијално кажано – го крадат народот.

Втората е онаа кога ќе дојде времето за враќање на долговите направени за да се плати неодговорното трошење, и кога големите светски банки ќе наплаќаат високи камати кои по некое време самостојно се перпетуираат и прераснуваат во должничко ропство.

Третата е кога должничкото ропство ќе ескалира и државата ќе нема повеќе пари за да ги враќа кредитите земени за да се платат каматите на каматите, и меѓународните институции ќе ги натераат властите да продадат државен имот, т.е. национални богатства, за да го направат ова.

Грците низ првата од овие епизоди поминуваа со децении, за време на владите на фамилиите Папандреу и Караманлис, кои постојано неодговорно трошеа. Втората ја поминуваа последниве 20-ина години, кога постојано плаќаа високи износи како камати за јавниот долг. Третата ја поминуваат деновиве, кога Тројката им наложи да приватизираат државен имот во вредност од 50 милијарди евра.

Грција е она што ние бевме, што моментално сме, и што најверојатно и во иднина ќе бидеме.

Бевме - зашто и нас нè тераа, на почетокот на транзицијата, да приватизираме сè вредно што имаме, вклучувајќи ги рудниците и телефонијата, а нешто подоцна и електростопанството како што ги тераат нив сега.

Сме - зашто и кај нас фамилијата го пљачка народот веќе 9 години, како што пљачкаа кај нив фамилиите со децении . За време на владеењето на нашата фамилија јавниот долг порасна за 2,4 милијарди евра (23% од БДП) во рок од 7 години, заради непродуктивни и нетранспарентни трошења.

Ќе бидеме - зашто и кај нас ќе дојде време кога ќе враќаме кредити земени за плаќање камати на камати на денешните кредити кои ги зема фамилијата. Ова последново сè уште можеме да го смениме.

Третава епизода сè уште можеме да ја спречиме. Aко се побуниме против елитите. Времето е сега.

Блогови од истиот автор

13 јули 2016

650 милиони евра

Задолжувањето од 650 милиони евра ќе значи крај на режимот, доколку оние кои досега гледаа со резерва на протестите, конечно се разбудат и сфатат што се случува. Заспани, време е да се разбудите. Немате што да изгубите, освен вашите синџири!

15 април 2016

Спуштете ги штитовите!

Часот е 20. Денешниот протест е веќе започнат. Дали да поминеш низ него, или да одиш право дома? Изгубен си, исто колку што беше изгубен и кога те приведоа. Сè што се случи во изминатите 26 часа повторно ти поминува низ главата, во некој недефиниран калеидоскоп. Сепак, од сите тие слики, една ти се издвојува.

2 март 2016

За вампирите и банкарите

Банките во Македонија во 2015 година оствариле добивка од 76 милиони евра. Со тие пари можат да се изградат два современи клинички центра, или да се покријат половина од трошоците потребни за целосно бесплатно здравство.

            comments powered by Disqus

Поврзано